Репрезентацијата на Хрватска со убедливата победа од 24:34 не спушти на земја. Натпревар во кој уште во првите 10 минути се реши победникот, кога нашите ракометари покажаа несериозност во нападот и обраната, каде направија неколку технички грешки. Грешки кои расположените хрвати успешно ги казнија, со што покажаа дека дојдени се по бодови, без разлика на се.
Иако после натпреварот Кире Лазаров и Дејан Манасков изјавија дека пред натпреварот постоела мотивација и желба за надигрување, ние тоа не го видовме. Флегматично и без идеја во нападот, за високата одбрана на хрватите беше лесно да се одбрани. Ништо поразлично не беше во одбраната, не синхринизираноста на Јоноски, Маркоски и Стоилов беше лесно за расположените бекови на Хрватска да го полнат голот на Ристоски на почетокот, а потоа и на Дупјачанец. Ако некогаш одбраната ни беше најсилното оружје, на ова ЕП тоа ни е најслабата точка.
Натпревар кој треба брзо да се заборави, да се увидат грешките и во следните три дена да пробаат да ги поправат. За веќе во понеделник против Норвешка да го покожат својот несомнен квалитет и да ја забележат првата победа на ова Европско првенство, победа која со нетрпение ја очекуваат сите љубители на македонскиот ракомет.
Најефиксни на натпреварот беа Дејан Манасков со 7 и Кузмановски со 4 погодоци, додека кај хрватите најефикасен беше Слишковиќ со 6 погодоци.