Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

1. Лука Циндриќ (РК Вардар)

Во овој избор за играч на неделата влегува и ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ кој одигра феноменален натпревар од Сеха лигата против силниот Веспрем. Циндриќ беше стрелец на 6 голови и заедно со Дибиров беа најдобри поединци на овој натпревар кој заврши без победник.

2. Дарко Павловиќ (РК Охрид)

Ракометарот на Охрид, Дарко Павловиќ со 8 постигнати голови се истакна како најдобар поединец на првиот официјален натпревар во оваа пролетна полусезона. Павловиќ станува вистински предводник на оваа екипа која обезбеди учество во плејоф фазата.

3. Филип Талески (РК Металург)

Екипата на Металург го задржа сто процентниот учинок – од 15 средби 15 победи. Во воведниот натпревар во оваа полусезона, Металург го порази Пелистер, а како најдобар поединец на оваа средба се истакна Филип Талески кој постигна 7 голови за својот тим.

4. Ивица Илиев (РК Радовиш)

На почетокот на новата полусезона, Илиев продолжува со феноменалната игра за екипата на Радовиш. Со 11 голови беше прв стрелец за екипата на Радовиш која на домашен терен успеа да ја совлада екипата на Металург 2.

5. Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет)

Ласко Андоновски, ракометарот на Пролет пружи одлична партија на натпреварот против екипата на Вардар Јуниор која ја круниса со победа. На овој натпревар, Андоновски беше незапирлив и беше прецизен дури 12 пати и сосема заслужено се наоѓа во изборот за играч на колото.

Играч на неделата (07.03.2016 - 13.03.2016)

  • Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет) (43%, 267 гласови)
  • Дарко Павловиќ (РК Охрид) (26%, 163 гласови)
  • Ивица Илиев (РК Радовиш) (17%, 105 гласови)
  • Филип Талески (РК Металург) (9%, 55 гласови)
  • Лука Циндриќ (РК Вардар) (6%, 36 гласови)

Вкупно гласале: 626

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 19.03.2016 година