По неделната пауза од ЕХФ неделата, каде репрезентациите одиграа пријателски натпревари, продолжуваме да одбираме „Играч на неделата“. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.
1. Сергеј Горбок (РК Вардар)
Ракометарот на Вардар, Сергеј Горбок одигра феноменална партија во саботниот натпревар против шампионот Барселона. Каде постигна 8 погодоци и беше главна карика во вардаровиот напад, но залудно бидејќи на крај „црвено-црните“ се вратија поразени од Шпанија.
2. Борјан Маџовски (РК Пелистер)
Ракометарите на РК Пелистер стигнаа до голема победа на домашен терен, против екипата на ГРК Борец со 25:20. Натпревар во кој новото засилување оваа сезона од РК Металург, Борјан Маџовски одигра одличен натпревар, во кој постигна 7 погодоци. Кој заедно со Дрогришки се носители на играта во нападот кај битолчани.
3. Вања Илиќ (РК Работнички)
Левото крило на РК Работнички, Вања Илиќ ја торпедираше младата екипа на Металург 2 со вкупно 14 погодоци. Со што придонесе многу за убедливата победа на РК Работнички над „плаво-белите“, за конечни 32:24. Илиќ оваа сезона се наметнува како еден од главните играчи во екипата на РК Работнички, со своите одлични партии. Што со право се најде во нашиот избор за играч на неделата.
4. Јанко Божовиќ (РК Металург)
Ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ на последните неколку натпревари одигра под нивото, но на натпреварот против Мотор Запорожје се разбуди конечно и одигра еден добар натпревар, со оглед на минутажата која ја имаше на натпреварот. Натпревар во кој постигна 5 погодоци, но залудно, бидејќи „плаво-белите“ повторно на сличен начин во самиот финиш го изгубија натпреварот.
5. Никола Секулиќ (РК Прилеп)
Засилувањето од Србија, пикерот Никола Секулиќ кој дојде оваа сезона во РК Прилеп одигра одличен натпревар против РК Радовиш, каде постигна 8 погодоци. Кој заедно со Горан Шаренац беа најзаслужните за големата победа над радовишани.
Играч на неделата (09.11.2015 - 15.11.2015)
Вкупно гласале: 315 ![]() |