Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.
1. Даниел Ѓоргески (РК Работнички)
Во последниот натпревар од 16-тото коло од ВИП машката Супер лига се сретнаа екипите на Тинекс Пролет и Работнички. Ракометарите и на двете екипи приредија вистинска драма во завршницата, во која екипата на Работнички со гол во последната минута успеа да победи. Покрај вообичаено одличниот Илиќ, најзаслужен за победата на Работнички беше голманот Даниел Ѓоргески кој успеа да одбрани удар од 7 метри на 1 минута до крајот на натпреварот и не му дозволи на противникот да го изедначи резултатот. Ѓоргески пружи одлична партија и го заврши натпреварот со 14 одбрани.
2. Малик Хогас (РК Охрид)
Во Прилеп се одигра натпреварот на колото помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Охрид. Ракометарите на Охрид успеаа да слават победа на гостински терен, а најдобар ракометар во редовите на оваа екипа беше интернационалецот Малик Хогас кој постигна 9 голови. Според одлично прикажаната игра, Малик Хогас е кандидат во изборот за играч на неделата.
3. Стефан Дрогришки (РК Пелистер)
Ракометна Битола беше сведок на уште еден одличен натпревар на екипата на Пелистер, која успеа високо да ја порази екипата на Радовиш. Свој одличен ден имаше капитенот на екипата на Пелистер, Стефан Дрогришки кој со своите 9 голови беше еден од најзаслужните за победата на својата екипа.
4. Давор Палевски (РК Металург)
Екипата на Металург беше вистински изненадена на гостувањето во Велес кај екипата на ГРК Борец. Иако потешко од очекувањата, сепак ракометарите на Металург извојуваа победа и останаа непоразени во досегашниот дел од сезоната. Младиот Палевски кој се најде во нашиот избор за играч на неделата, беше стрелец на 5 голови и заедно со Бувиниќ и Пешевски беа вистински предводници на тимот од Автокоманда.
5. Игор Карачиќ (РК Вардар)
РК Вардар во рамките на натпреварувањето во ЛШ имаше тешко гостување кај екипата на Висла Плок. Овој натпревар заврши без победник, 30:30. Во составот на Вардар како најефикасен се истакна Игор Карачиќ кој постигна 6 голови и по подолга пауза повторно се врати на теренот со неговата препознатлива игра.
Играч на неделата (14.03.2016 - 20.03.2016)
Вкупно гласале: 622 ![]() |