Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

1. Алем Тоскиќ (РК Вардар)

Екипата на РК Вардар успеа да обезбеди учество во четвртфиналната фаза, откако на домашен терен минимално ја совлада екипата на Висла. Свој ден на овој натпревар имаше пикерот Алем Тоскиќ кој беше незапирлив. Со 8 голови и 100% учинок, Тоскиќ беше најдобар ракометар на теренот.

2. Мартин Томовски (РК Металург)

Во нашиот избор за играч на неделата овој пат влегува и младиот и надежен голман на РК Металург, Мартин Томовски. Томовски, на натпреварот против екипата на Прилеп забележа одлични интервенции. Томовски и Матиќ беа најдобри поединци на овој натпревар.

3. Вања Илиќ (РК Работнички)

Ракометарот на Работнички, Вања Илиќ од натпревар во натпревар станува еден од клучните играчи на оваа екипа. Екипата на Работнички во 17-тото коло славеше победа на домашен терен против екипата на Вардар Јуниор, која беше подобра во првиот меѓусебен дуел. Токму на овој натпревар, Илиќ постигна 13 голови и беше најдобар стрелец на натпреварот.

4. Ивица Илиев (РК Радовиш)

Првиот стрелец во екипата на РК Радовиш, Ивица Илиев и овој пат се наоѓа во нашиот избор за играч на неделата. Одличните настапи и добрата реализација на натпреварите е она по што е препознатлив овој ракометар. Илиев на последниот натпревар беше стрелец на 11 голови и најзаслужен за победата на РК Радовиш.

5. Кире Мачавелов (ГРК Борец)

Екипата на ГРК Борец, по одличниот натпревар против водечкиот Металург, на гостувањето во Радовиш потфрли. Борец беше поразен, а најрасположен во овој тим беше ракометарот Мачевалов кој со одличната игра и своите 7 голови беше најдобар поединец.

Играч на неделата (21.03.2016 - 27.03.2016)

  • Алем Тоскиќ (РК Вардар) (41%, 89 гласови)
  • Мартин Томовски (РК Металург) (21%, 46 гласови)
  • Ивица Илиев (РК Радовиш) (14%, 31 гласови)
  • Кире Мачавелов (ГРК Борец) (14%, 30 гласови)
  • Вања Илиќ (РК Работнички) (11%, 23 гласови)

Вкупно гласале: 219

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 02.04.2016 година