Откако денес беше соопштено дека на клупата на македонската машка репрезентација ќе дојде Лино Червар, хрватот не чекаше многу, па веднаш го именуваше Илија Темелковски како свој асистент.
Актуелниот тренер на РК Тинекс Пролет, Илија Темелковски без многу размислување го прифати повикот на РФМ да биде асистент на репрезентацијата. Човек кој сите добро го знаеме како поранешен селектор на Македонија, на кој последен настап му беше СП во Хрватска во 2009-та година.
Тандемот Червар-Темелковски немаат многу време за подготовки за бараж дуелот со репрезентацијата на Чешка, само 3 недели ќе можат да се спремаат, воедно и да го одредат составот со кој ќе настапиме. Бараж дуел во кој македонската репрезентација ќе се бори за пласман на СП во Франција следната година.
Бараж натпреварите:
- Чешка : Македонија (11 Јуни)
- Македонија : Чешка (15 Јуни)