Поранешната трикратна светска шампионка и двоен победник на Лигата на шампионите Ирина Дибирова (37), сопругата на левото крило на РК Вардар, Тимур Дибиров е новиот тренер ЖРК Вардар.

Денеска на официјалниот сајт на ЖРК Вардар објавија дека ќе ја презеде екипата, заедно со Аце Станковски кој останува како помошник тренер. Досегашниот тренер Давид Дејвис, на негово барање, се враќа во првиот машки тим и ќе продолжи да работи само со Раул Гонзалез.

Првиот предизвик за новиот тренер на „црвено-црните“ е веќе во сабота, кога ќе го пречекаат Турингер во рамките од последното коло од главната фаза на женската Лига на шампионите.

ФОТО: www.gol.mk