Гудјон Валур Сигурдсон

Најискусниот во репрезентацијата на Исланд, Гудјон Валур Сигурдсон се повреди на последниот контролен натпревар против Холандија на турнирот во Норвешка, во завршната фаза од подготовките пред Мундијалот.

Денеска го потврди селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон, кој призна дека отсуството на Сигурдсон ќе биде голем хендикеп за неговиот тим.

“Непријатно е да се соочите со ваков момент во вакво време, да загубите еден од најдобрите играчи. Гудјон Валур Сигурдсон е еден од најдобрите играчи во светот, беше одличен на подготовките и неговото отсуство е голем удар за нас.“ – изјави исландскиот селектор на денешното обраќање при кое ги соопшти 17-те патници на Светското првенство.