Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди судиите кои ќе бидат дел од завршниот турнир во Келн.
Исландската двојка, Јонас Елиасон и Антон Палсон ќе им судат на Вардар против Монпелје во полуфиналниот натпревар на Ф4 турнирот, кој ќе се одигра во сабота, од 18:00 часот.
Овие судиите два пати им судеа на „црвено-црните“ оваа сезона. Победија во Загреб во групната фаза, а загубија кај Нант во вториот дел од сезоната.