По болниот пораз од домаќинот Полска, видно разочаран беше и селектор на македонската репрезентација, Ивица Обрван кој изјави дека со оглед на целата наша игра заслуживме бод. Но, овој натпревар е минато, треба уште утре да се подготвуваат за решавачкиот меч против Србија за два дена.
„Пред 15.000 луѓе, во многу тешка атмосфера за секој гостин одигравме една јуначки натпревар и мое мислење е дека заслуживме бод, со оглед како одигравме не само во завршницата туку во целиот меч. Во овој момент малку сме разочарани, но за два дена имаме важен меч со Србија и мора да се подготвиме за него“ – изјави Обрван.