Вечерва во СРЦ ,,Кале“, нашата женска репрезентација ќе го одигра вториот дуел против репрезентацијата на Словенија која во првиот натпревар катастрофално не порази со високи 35:17.
Што се однесува до составот за вечерашниот натпревар,во однос на претходниот натпревар, селекторот Симовски се реши за една неочекувана, изненадувачка измена во составот на Македонија и тоа на голманската позиција каде што овој пат искусната репрезентативка Наташа Антиќ од екипата на ЖРК Металург ја замени со младата Нина Ладева од екипата на Вардар Јуниор.
Овој втор дуел против репрезентацијата на Словенија е четврти натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП во Шведска 2016. Нашата репрезентација досега забележа 3 порази од исто толку натпревари. На вечерашната реванш средба со селекцијата на Словенија да се надеваме на подобра игра, ангажираност, професионалност и поволен резултат.
Почетокот на натпреварот е закажан за 20 часот, а влезот за сите заинтересирани и љубители на ракометот е слободен.