јапонија

Репрезентацијата на Јапонија е првиот противник на Македонија на престојното Светско првенство во Германија и Данска.

Репрезентацијата која во подготвителниот период одигра неколку натпревари во Швајцарија на „Жолтиот Куп“, против репрезентациите на Полска, Португалија, Швајцарија, Тунис и Чешка.

Јапонија во првите три натпревари остана непоразена, два пати одигра нерешено (28:28) против Полска и Швајцарија, а ја победи репрезентацијата на Чешка со 27:25. Но, после овие натпревари следуваа порази од репрезентацијата на Тунис (34:31) и денес од репрезентацијата на Португалија со резултат 25:27.

Резултати кои кажуваат дека нашиот прв противник на СП во Германија и Данска не треба да се потцени и максимално да си одигра, за да се стигне до првите бодови на мундијалот.