Во пресрет на дуелот со Србија, нашиот репрезентативец  Ацо Јоноски во изјава за порталот ,,Дерби“ смета дека токму овој меч е одлучувачки за нашата репрезентација како што најавија на самиот почеток.

Јоноски:  ,,Уште пред почетокот на Европското првенство знаевме дека оваа средба може да биде одлучувачка за вториот круг, и еве така испадна. Очекувам да биде вистинско дерби, со многу борбеност, груба игра, многу прекршоци,стрес, нервоза. Сето тоа треба да се преброди, за да се извојува победа. Сите имаат надворешни шутери! И Французите и Полјаците имаа надворешни шутери. Ќе треба да се гледаат некои видеа, да сними нивната игра, да се анализира, па да се реагира.Не треба да калкулираме. Никогаш не сум сакал да калкулирам во кариерата, секогаш сме оделе на победа. Можеби ако дојде до ситуација каде што тоа е важно, но би требало да играме за победа.“

Со победа над репрезентацијата на Србија, Македонија ги продолжува натпреварите во следната фаза како третопласирана во групата А.