Ракометарката на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ се најде меѓу трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите, благодарејќи на одличниот настап што го имаше на натпреварот против Турингер. Во големата победа на ЖРК Вардар (36:26) Радичевиќ постигна 9 погодоци, со што беше најефикасна на натпреварот.
Благодарение на оваа победа и победата на Будуќност на гостувањето кај Ференцварош, ракометарките на ЖРК Вардар го освоија првото место во групата. По што во 1/4 финалето ќе играат против Митјиланд, притоа одбегнувајќи го европскиот првак ЧСМ Букурешт.
Видеото со најдобрите потези на Радичевиќ и останатите две ракометарки Аурелија Браденау и Вероника Кристијансен, може да го проследите на следниот ЛИНК.