Машката јуниорска репрезентација на Македонија (У20), во рамки на подготовките за Квалификациите за ЕП 2016, ќе одигра пријателски натпревари против соодветната селекција на Бугарија.

Првиот натпревар ќе се игра утре (вторник) со почеток од 19:30 часот во салата Автокоманда во Скопје, додека втората меѓусебна средба, Македонија и Бугарија ќе ја одиграат во среда на истата локација со почеток од 12:00 часот.

Избраниците на селекторот Александар Јовиќ периодов активно се подготвуваат за настап на Квалификациите за ЕП Данска 2016. Квалификацискиот турнир ќе се игра во Шафхаузен, Швајцарија, во периодот од 8 до 10 април, а нашата репрезентација се наоѓа во група со домаќинот, Фарски Острови и Црна Гора.

Натпреварите против Бугарија, Јовиќ ќе ги искористи да ги тестира и воигра ракометарите, пред последната фаза од подготовките и заминувањето за Шафхаузен.

Превземено од www.macedoniahandball.com.mk