Утрово во Букуреш се оддржа ждрепката престојните квалификации за ЕП 2016 во Данска, за ракометарите до 20 години. Нашата репрезентација се најде во групата 2, заедно со репрезентациите на Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.

32-те репрезентации беа извлечени во 8 групи, од по 4 репрезентации. Според системот на натпреварување, осумте квалификациски групи ќе дадат вкупно 12 учесници на ЕП во Данска. Од првите четири групи (1-4) ќе патуваат по две селекции, додека од следните четири групи (5-8) по една репрезентација.

Квалификациите ќе се играат од 8-ми до 10-ти април следната година. Ќе се играат турнирски, во еден град, три дена. Домаќините на групите ќе бидат познати по извлекувањето со тоа што репрезентациите кои претходно беа организатори нема да можат да бидат повторно (Македонија не е во оваа група), додека Португалија и Холандија сè уште се под суспензија.

Европското првенство во Данска ќе се одигра наредното лето од 28 јули до 7 август 2016.