На денешниот конгрес на ЕХФ што се одржуваше во Букурешт, се оддржа и ждрепката за престојните квалификации за СП 2016 во Русија, за ракометарки до 20 години. Нашата репрезентација се најде во групата 5, заедно со репрезентациите на Франција, Словенија и Израел.
27-те репрезентации беа извлечени во 6 групи од по 4 репрезентации и една група со 3 репрезентации. Две репрезентации ќе се квалификуваат од групата 1, додека од останатите групи (2-7) ќе се квалификува само по една репрезентација.
Квалификациите ќе се одиграат од 18-ти до 20-ти март следната година, додека светскиот шампионат ќе биде од 3-ти до 17-ти јули.