По триумфот над Косово со 25-23, македонската кадетска репрезентација денес, сабота, со почеток во 18ч, го игра решавачкиот натпревар за првото место во групата и финале на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Бугарија.
Потешко од очекувањата Македонија ја победи репрезентацијата на Косово. Нервозно и со доза на потценување влегоа во натпреварот нашите ракометари. Тешко играа, особено во напад, и да не беше расположениот голман Матеј Петковски, кој беше избран играч на натпреварот, натпреварот можеше да има и поинаков крај. Најпрецизен во екипата повторно беше Димитриоски со 8 постигнати голови.
По 4 одиграни кола, Македонија е на првото место, единствена со максимален учинок од 4 победи, откако најголемиот фаворит во групата, репрезентацијата на Унгарија одигра нерешено 25-25 со екипата на Украина. Досегашните резултати покажуваат дека Македонија, Украина и Унгарија се со сличен квалитет, и ако се одигра максимално концентрирано и смирено, без непотребни исклучувања и нервоза, Македонија може да ја изненади Унгарија и да се пласира во финалето на турнирот.
Мечот е со почеток во 18ч.