По големата победа на Рајн Некар Левен среде Франфурт, сосема очекувано беше во идеалниот тим на 7-то коло од ЛШ да има некој вардарец. Луѓето од ЕХФ одлучија да бидат двајца ракометари, Жоан Кањељас и Лука Циндриќ кои беа едни од најзаслужните за оваа победа и сосема заслуѓено ќе го носат приметот за најдобар лев и среден бек соодветно.

Циндриќ беше одлична замена за Карачиќ кој имаше болки во ногата, додека Канељас за прв пат го видовме во едно вистинско светло, ракометар кој беше нерешена енигма за германците.

Идеалниот тим за 7-то коло во ЛШ

  • Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
  • Леб бек: Жоан Кањељас (Вардар)
  • Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
  • Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)
  • Десно крило: Алберт Рокас (Ла Риоха)
  • Пивот: Лудовик Фабрегас (Монпелје)
  • Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона).