Во пресрет на дуелот со Митјиланд, Инидра Кастратовиќ ги даде своите очекувања од мечот, но зборуваше и за задоволството да се работи со врвниот тренер Јан Питлик.

“Пред се, Јан е извонредна личност, исто толку колку што е извонреден тренер. Има извонредна хемија меѓу нас на клупата и се надополнуваме одлично, секој со своите квалитети. Тоа го чуствуваат и ракометарките. Во тој контекст се полека доаѓа на свое место тука во Вардар, но чуствуваме дека сеуште не сме го достигнале врвот на нашите можности. Допрва доаѓа најдоброто од овој тим, и јас и Јан ќе направиме се во нашите можности, да се осигураме дека вардар ќе прикажува најдобар ракомет“, изјави Кастратовиќ, дополнувајќи, „Како тим ние покажавме дека имаме душа. Ние сме семејство! Го имаме вистинскиот менталитет, и пред се, секој од нас ја сака ракометната игра“.

Во врска со дуелот со Митјиланд, Индира потврди дека очекува тежок и неизвесен дуел, но дека верува во можностите на Вардар да дојде до втора победа:„Балканскиот менталитет беше она што ни ја донесе победата во Скопје, додека влијанието на Јан (Питлик) околу тактиката беше очигледно во нашиот настап. Овој пат, верувам дека скандинавското знаење ќе ни помогне повторно да триумфираме над Митјиланд“, заврши Кастратовиќ.