Во пресрет на денешниот натпревар на ЖРК Вардар против екипата на Ѓер, Индира Кастратовиќ верува дека ќе ја повторат добрата игра од последните два натпревари против Митјиланд, со што ќе им вратиме за поразот во Скопје.

„Мораме да одиграме како на дуелите со Митјиланд за да го победиме Ѓер. Свесни сме дека на првиот натпревар со унгарките не одигравме како што знаеме и можеме. Но, сега влеговме во победнички ритам и верувам дека ако ја повториме играта од претходните два натпревари можеме да го добиеме Ѓер. Време е да им вратиме за поразот, а победата на гостински терен е послатка“
– изјави Кастратовиќ.

Натпреварот ќе се одигра од 16:30 часот, со директен пренос на МРТ.