По тешкиот меч и важниот триумф од 22-21 над ЦСМ Букурешт, изјави дадоа тренерот Кастартовиќ и левиот бек Андреа Пенезиќ.
„Пред се, да им честитам на противниците за фер борбата, ова покажа колку е квалитетен ривалот од Романија. Долго време немавме мечеви, но се надевам дека темпото ќе расте понатаму, имавме добра игра, важно е да се работи за понатаму, на крајот битни се бодовите“, изјави Индира, а потоа дополни, „кажав дека Букурешт можеме да го победиме само во 60 минути, ни за 10, ни за 15. Букурешт покажа колку квалитетна екипа е, а ние бевме малку под стрес, мислам затоа што ни беше прв меч, ама сигурна сум дека од натпревар во натпревар ќе бидеме подобри. Сега ни доаѓа гостувањето кај Будуќност и од утре се фокусираме на тој меч. Има уште многу да се работи, но задоволни сме што вечерва освоивме два бода“, изјави Индира.
Со слични импресии беше и хрватската репрезентативка Пенезиќ, која кратко прокоментира: „Тоа беше еден тежок натпревар, прв меч и бевме многу нервозни, нервозни бевме во текот на мечот. Но, драго ми е што дојдовме до важните бодови во групата“.
Следниот меч македонските шампионки го играат против европскиот првак Будуќност, на 17.01.2016, во Подгорица.