Ракометарите на Вардар во сабота ќе играат против екипата на Монпелје во рамките од полуфиналето од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Словенскиот ветеран, Вид Кавтичник кој има освоено една титула европски првак во 2007 година со екипата на Кил, гласно порачува дека европскиот првак нема да има ни малку лесна задача.

„Вардар е одличен тим, сите го знаат тоа, но ние ќе сториме се што можеме за да ги победиме. Едно е сигурно, не одиме во Келн како туристи, туку со иста цел како и другите, да стигнеме до титулата. Чудно е, во 2009 година со Карабатиќ дојдовме во Монпелје со желба да играме заедно на Ф4 во Келн. Сега ќе играме, но за различни тимови“ – изјави Кавтичник за официјалната веб-страница на ЛШ.