Ракометарите на РК Тинекс Пролет вечерва од 20:00 часот започнуваат со своето натпреварување против белгиски Сасја, во рамките од Челинџ купот. Во пресрет на натпреварот разговаравме со голманот на Тинекс Пролет, Стефан Кимевски кој очекува добри два натпревари во кои ќе го дадат својот максимум за да поминат во следното коло. Без разлика што двата натперевари кои се играат на гостински терен, сепак поквалитетната екипа ќе успее да триумфира.

„Двете екипи се составени од млади и ако може така да се каже неискусни играчи. Која екипа полесно ќе го поднесе товарот што го носат европските натпреварувања, ќе излезе како конечен победник од двата натпревари. Битно е што влегуваме растеретени во натпреварот, без притисок и ќе го дадеме максимумот да презимиме во Европа. Имаме проблеми со повредени играчи, но се надевам дека до натпреварот ќе се санираат. Што се однесува со играњето на двата натпревари на гостински терен, мислам дека нема некое значење т.е. поквалитетната екипа ќе се покаже на теренот, без разлика дали тоа би било Антверпен или Скопје“ – изјави Кимевски.

Сасја е третопласираната екипа од белгиското првенство од минатата сезона. Во моментов не се натпреварува во белгиското првенство, туку во БЕНЕ-лигата, која има сличен концепт на нашата СЕХА-лига. Во конкуренција на осум екипи во регионот наречен Бенелукс, Сасја е последнопласирана со четири бода од девет меча. Тимот ѝ е составен главно од Белгијци плус по еден Словенец, Унгарец и Португалец.

Вториот натпревар ракометарите на Тинекс Пролет го играат веќе утре од 14:30 часот.
*Вкупниот победник од двата натпревари, ќе се пласира во осминафиналето од Челинџ-купот.

Фото: Филип Вирановски