кире лазаров

Македонските ракометари денеска го направија првиот собир во хотелот „Александар Палас“ со што го означија официјално почетокот на подготовките за Светското првенство, кое ќе се одржи во јануари 2019-та во Германија и Данска.

Селекцијата се уште не е комплетна, но меѓу присутните беше капитенот, Кире Лазаров кој се понуди да игра и како среден бек ако е потребно.

„Јас можам да се понудам да играм како среден бек. Во Нант оваа сезона веќе играв како среден бек бидејќи во тимот сме тројца леваци. Ако не ни оди, без проблеми би застанал како среден бек. Зошто да не бидеме поразноврсни за противниците. Верувам и во младите кои се на оваа позиција, ќе се потрудиме да направиме добра работа. Целта ќе биде да одиме натпревар по натпревар, имаме добар стручен штаб и верувам во него. Јас како капитен и поискусен ќе им дадам поддршка на младите“ – изјави Кире Лазаров.