Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров се впиша во историјата во уште една престижна категорија. Тој е најдобриот стрелец на фајналфор-турнирите во ЛШ, откако постои овој систем на натпреварување.
На натпреварот меѓу Нант и ПСЖ, Кире Лазаров постигна 8 погодоци и со нив дојде до вкупно 59 на сите учества на Ф4-турнирите во Келн. Тоа е три повеќе од досегашниот рекорд, кој заеднички го држеа Филип Јиха (Кил, Барселона) и Момир Илиќ (Веспрем).