кире лазаров нант

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров продолжува со одличната форма во која ја почна оваа сезона и на последниот натпревар ја имаше клучната улога во новата победа на Нант (29:28) против екипата на Сесон Рен во рамките од француското првенство.

Лазаров постигна гол во последните неколку секунди од крајот на натпреварот, со што ракометарите на Нант успеаја да слават над незгодниот Сесон Рен. Кире Лазаров беше играч на натпреварот со дури 9 постигнати погодоци и реализација од 75%, а зад него беше Клер со 8 постигнати погодоци.

Со овој триумф Нант останува непоразен во Француското првенство, каде од 6 натпревари има 6 понеди и со право се наоѓа на врвот на табелата.