Кире Лазаров Македонска репрезентација ЕП 2020

Капитенот на македоснката репрезентација, Кире Лазаров е оптимистички расположен во пресрет на Европското првенство следниот месец во Шведска, Австрија и Норвешка и верува во себе и во своите соиграчи.

„Голем е влогот пред нас, бидејќи станува збор и за квалификации за Олимписки игри. Треба да си поставиме високи цели и да сториме сѐ за да ги оствариме. Знам дека имаме квалитетна репрезентацијата, што се потврдува и со фактот што имаме пет ракометари кои играат во Бундеслигата. Располагаме со ростер со кој, верувам, дека ќе бидеме конкурентни со сите противници кои ќе ги имаме на ЕП 2020. Имаме квалитет за да ја минеме првата фаза, но мора да одиме меч по меч. Сакаме да почнеме со победа над Украина, тоа ќе ни донесе самодоверба. Играме против селекции кои сме ги победувале во минатото и верувам дека може да се носиме со нив. Според мене, мали фаворити сме во групата, дури и во однос на домаќинот Австрија, против која, сепак, нема да биде лесно да се игра пред нивните навивачи.“ – изјави Кире Лазаров

Брестовац ги одбра 20-те ракометари за втората фаза од подготовките, по што веднаш заминуваат за Словенија, каде ќе играат пријателски натпревари со репрезентациите на Словенија и Црна Гора.

  • Македонија – Словенија (3 Јануари)
  • Македонија – Црна Гора (5 Јануари)

Фото: Спорт1.мк