кире лазаров

По вчерашниот натпревар против репрезентацијата на Србија, Кирил Лазаров го сподели своето мислење во кои потенцираше дека младите ракометари поседуваат потенцијал, квалитет и желба за напредок.

Нашата репрезентација со помладен состав ќе настапи на 26-тото Светско првенство во Германија и Данска, предводен од најискусниот Кире Лазаров, под диригентска палка на селекторот Раул Гонзалес.

„Трениравме многу напорно во изминатиот период, а најважно е тоа што младите ракометари покажуваат карактер и квалитет. Има денови кога на тренинг изгледаме како најдобра репрезентација во светот, но веќе следниот ден како најслаба селекција. Тоа е сосема очекувано и нормално со оглед нивното искуство, но затоа сме тука ние, поискусните да ги повлечеме и да ги насочиме. Најважно е што тие поседуваат потенцијал, квалитет, но и желба за напредок и тоа е она што ми дава верба дека под водство на врвен стратег како што е Гонзалес, македонскиот ракомет ќе продолжи успешно да се развива“ – изјави Лазаров за порталот Нова Македонија.