кире лазаров сп 2019 јапонија

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најкорисниот играч по првата фаза на Светското првенство 2019 во Германија и Данска.

Нашата репрезентација не успеја да влезе во најдобрите 12 репрезентации на светот, но затоа Кире Лазаров уште еднаш го покажа својот квалитет и потврди зошто сеуште е во топ 5 ракометари во светот на 38 години.

Со 30 погодоци и 25 асистенции во групната фаза заслужено го доби ова признание, пред првиот стрелец Микел Хансен кој има постигнато 35 погодоци и 14 асистенции.