кире лазаров сп 2019 јапонија

По вчерашната убедлива победа над репрезентацијата на Јапонија, нашиот капитен Кире Лазаров на денешниот тренинг направи мала анализа за тоа што не очекува утре на вториот натпревар против Бахреин.

За разлика од другите македонски играчи, капитенот смета дека Бахреин е посериозен и понезгоден ривал од Јапонија:

„Се уште немаме видено ништо од Бахреин поради технички проблеми со видеата. Но, од информациите кои ги добивме од нивниот вчерашен меч со Шпанија, станува збор за поквалитетна репрезентација од Јапонија што само не обврзува да влеземе многу претпазливо во натпреварот. Не смее да не успие победата од девет разлика на првиот натпревар, очекувам тежок натпревар и тешка борба.“ – изјави Кире Лазаров.

А исто така нагласи дека го загрижува тоа што сега следи периодот од првата фаза кога ќе се игра ден за ден, што може да претставува голем проблем со оглед на скромниот избор на клупата.

„Хрватска е екстра квалитетна репрезентација, секогаш има големи амбиции на турнирите и нивната амбиција е медалот. Што се однесува до Исланд, мора да кажам дека многу ме изненади. Имаат доста промени на неколку позиции, но посебно го почитувам нивниот тренер Гудмундсон кој беше олимписки шампион со Данска во 2016 година. Ме загрижува тоа што од утре ќе почне циклусот на играње натпрвеари ден за ден, ќе нема ден пауза за да се опоравиме. Да не се повторуваме, ростерот ни е таков каков што ни и ме загрижува тоа што ќе немаме одмор, ќе нема време ниту за анализи, ниту за одмор“ – заврши Лазаров.