Македонија ја совлада репрезентацијата на Тунис со 34:30, во натпревар во кој нашите ракометари одиграа одлично и со пресврт се вратија.

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров ја предводеше Македонија до победа, но и покрај тоа беше незaдоволен после натпреварот.

„Сакам да му честитам на моите соиграчи. Иако имавме негатива од четири погодоци се вративме и победивме. Искрено не сум задоволен и мислам дека можеме да поправиме многу работи. Сакам да му честитам на неколку соиграчи помеѓу кои се Стоилов и Миркуловски кои дадоа се од себе во текот на 60-те минути и тоа не е лесно кога за противник ја имате репрезентацијата на Тунис“ – изјави Лазаров.