Во пресрет на вечерашниот натпревар на нашата репрезентација против искусната репрезентација на Шпанија, нашиот капитен Кире Лазаров изјави дека се свесни за нивниот квалитет, но напротив тоа ќе го искористат за да влезат во што подобар ритам, за во последниот натпревар против Исланд.

„Ние сме свесни која е Шпанија, во последните години тие секогаш се конкурентни и се борат за медали. Можеби неуспех е за нив што не отидоа на ОИ во Рио. Јас најдобро ги познавам, биле или се мои колеги. тие се пред се одлично техничко-тактички подготвени. Ние сме свесни за нивниот квалитет, ќе пробаме да го искористиме тој дуел за да влеземе во подобар ритам, да се фати една подобра норма, пред дуелот со Исланд. Пред СП некој да ни понудеше две победи, едноставно ќе прифатевме. За помалку од 24 часа треба да одиграме два натпревари против екстра тешки противници како Шпанија и Исланд, ние сме во таква ситуација, ќе ја прифатиме, ќе гледаме да извлечеме нешто позитивно, што би значело олеснување во понатамошниот дел од првенството.“ – изјави Кире Лазаров за порталот 24ракомет.

Натпреварот помеѓу Шпанија и Македонија се игра вечерва од 20:45 часот, со директен преност на МРТ.