Во пресрет на денешниот натпревар на ЖРК Вардар против фаворизираниот Будуќност, црногорската ракометарка Андреа Кликовац очекува цврст меч со силна одбрана, каде на црстата одбрана на црногорките ќе возвратат на ист начин.
„Подготвени сме, едвај чекаме да дојде мечот. Ќе биде тоа тежок меч, на кој не очекува една пеколна атмосфера таму. Навивачите секогаш доаѓаат во голем број да ги бодрат ракометарките против Вардар. Очекувам тврд меч, со силна одбрана. Будуќност е препознатлив по таа силна одбрана и ние треба да одговориме на ист начин. Добро се познаваме, многупати игравме меѓусебе и нема тука некои тајни. Можеби една-две ракометарки се поуморни од останатите, затоа што имаа поголеми минутажи во своите репрезентации за време на СП, но мислам дека тоа нема да се одрази на нивната игра против нас и дека сето тоа нема многу да им пречи” – изјави Кликовац за официјалниот сајт на ЖРК Вардар.