Десниот бек на ЖРК Вардар, Андреа Кликовац ја игра 5-тата сезона во „црвено-црните“, која заедно со Радичевиќ и Лекиќ е со најдолг стаж во Македонија.
Кликовац, како и сите други посакува последниот пат да биде со искачување на тронот.
„Вардар е зрел за шампионската титула. Се надевам дека конечно ќе славиме и ние во петтиот обид. Сега е вистинскиот пат, за Вардар нема веќе шаси да дојде на Ф4. Ќе се потрудиме да одиграме најдобро што можеме и најпрво да го поминеме Ростов, а потоа и да славиме во финалето“ – изјави Кликовац за Gol.mk