Анализирајќи ја играта на Вардар во текот на сезонава, се чини дека клучот на успехот се состои во две работи – Штербик и тимската игра.
Од тоа како Арпад Штербик ќе влезе во мечот и тоа како ќе зависи кој ќе биде финалниот резултат. Она што радува е формата на Штербик на неодамна одржаниот Фајнал 4 турнир во СЕХА лигата. Без дилеми можеме да кажеме дека тој беше најзаслужен за големиот и убедлив триумф над Веспрем. Доколку и на дуелот со Фленсбург биде во слична форма, половина од работата ќе биде завршена.
Вториот клуч за успехот е тимската игра. За разлика од минатите сезони кога играта во нападот речиси целосно зависеше од формата на Карачиќ, и шутерскиот ден на Дибиров и Душебаев, сезонава Вардар игра многу покомпактно и не зависи од нивната моментална форма. За да се стигне до Фајнал 4, екипата мора да одигра колективно, на секој дел од теренот. Предност сезонава е и искуството на Канељас и Чупиќ, кои знаат како да победуваат на вакви мечеви.
Најважно од се – клучот за успехот е во рацете на играчите на Вардар. Фленсбург не е ниту Барселона, ниту ПСЖ и тоа Вардар треба да го искористи.