Комбинацијата од искуство и жар ги спакува црногорците!
Кога не им идеше на Кире, Прибак и Ристовски … тука беа Кузмановски, Талески и Митревски!
Кога му требаше помош и одмор на Стоилов … тука беше Пешевски!

Нашите ракометари одлично го отворија натпреварот, поведоа со двата гола на Кире Лазаров и Филип Талески. Но, веднаш потоа ракометарите на Црна Гора се вратија и веќе во 9-та минута поведоа со 6:4, со што го принудија Раул да го повика својот прв тајмаут. „Црвено-жолтите“ играа променливо, лошо во одбраната и без идеја во нападот. Со што резултираше со водство на Црна Гора од 9:3 во 15-та минута.

По влезот на Миркуловски на натпреварот се осети промена во нападот, кој веднаш резултираше со промена на резултатот. Со серија од 3-0, веќе во 20-та минута беше израмнет резултатот на 10:10. По што, резултатот по првото полувреме беше 15:16.

Во второто полувреме влеговме во грч, но Раул во игра ги внесе Кузмановски и Митревски кои беа клучни за пресвртот на натпреварот. Кузмановски одлично одигра во нападот, а неколкуте одбрани на Митревски го сменија резултатот во наша полза, 24:20 во 47-та минута. По што, во поселдните 10 минути, нашите ракометари успеаја да го задржат водството и да ја забележат втората победа на ова ЕП!
Победа за пласман во следната рунда!