Денес со натпреварот помеѓу екипите на Металург 2 и РК Прилеп започнаа 12-то коло од ВИП Супер лигата. „Кошаркарски“ натпревар во кој се постигнаа вкупно 77 погодоци, што може слободно да се каже дека ќе влезе во историјата на македонскиот ракомет.

Очекувано екипата на РК Прилеп издвојува победа 34:43(16:26), со што се задржа на 3-та позиција на табелата со вкупно 24 бодови, веднаш зад екипите на РК Металург и РК Охрид.

Најефикасен на натпреварот беше Дарко Стојковски од екипата на МЕталург 2, со вкупно 11 погодоци, додека кај гостите најпрецизни беше Пеце Ѓоргиевски со 9 погодоци.

Натпревари од 12-то коло овој викенд:

  • РК Радовиш – РК Работнички (Сабота)
  • РК Пелистер – Вардар Јуниор (Недела)
  • ГРК Борец – РК Тинекс Пролет (Недела)