Денес продолжуваат четвртфиналните натпревари од натпреварувањето во Купот на Македонија во женска конкуренција. На програмата денес се три натпревари, екипата на ЖРК Металург на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Жито Прилеп, РК Ѓорче е гостин во Куманово кај екипата на ЖРК Куманово, додека ЖРК Вардар Јуниор ќе се сретне со ЖРК Пелистер. ЖРК Вардар заради обврските во Лигата на шампионите својот четвртфинален натпревар од ова натпреварување веќе го одигра и забележи висока победа над екипата на Овче Поле 48:14 и со тоа обезбеди место во полуфиналето.
Натпреварите помеѓу екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Ѓорче, како и ЖРК Вардар Јуниор и ЖРК Пелистер се закажани за денес со почеток во 14:30 часот, а неколку часа подоцна, односно во 17:00 часот е закажан натпреварот помеѓу ЖРК Металург и ЖРК Жито Прилеп.
Полуфиналните средби како и финалето се закажани за 7 и 8 Мај 2016 година.