филип кузмановски

Македонската репрезентација синоќа ја победи репрезентацијата на Србија со резултат 37:21, а еден од најефикасните на натпреварот беше ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски кој постигна 6 погодоци.

Кузмановски задоволен од својата игра, но истовремено верува дека можат да бидат подобри поправајќи ги грешките кои неминовно ги имаше на вчерашниот натпревар.

„Ова беше прв натпревар во кој бевме комплетни, можеме да ги согледаме грешките. Покрај овој ќе одиграме уште еден меч со Србија, не знам дали ќе бидат доволно, ние мора максимално да се подготвиме за Јапонија. Тоа е ривал кој не го познаваме и мораме да бидеме спремни, останува уште многу кратко време. Грешките мораме да ги корегираме, нормално нема да ја откриеме целата тактика. чуваме нешто и за СП“ – изјави Филип Кузмановски за порталот Дерби.

Сликата е превземена од порталот Гол.