Женската ракометна репрезентација на Македонија на 10 Март на гостински терен во Марибор, Словенија ќе го одигра првиот од двата натпревари од квалификациите за ЕП 2016 што ќе се одржи во Шведска. На овие два натпревари нашата репрезентација ќе биде видно ослабена поради повреди на наши 3 стандардни ракометарки. Поради повреди овој двомеч со Словенија ќе го пропуштат Јована Саздовска, Ангела Тодоровска и Зорица Десподовска. Собирот на репрезентацијата е закажан за 7 Март.

Во рамките на овој подготвителен период на нашата репрезентација, селекторот Симе Симовски го истакна следното:

,,На овие два натпревари со Словенија ќе играме без три репрезентативки што беа во составот на првите два квалификациски натпревари со Црна Гора и со Хрватска. Поради повреди не може да настапат Јована Саздовска, Зорица Деспотовска и Ангела Тодоровска. Сите три се стандардни репрезентативки и со нивното отсуство имаме значително ослабнат состав. Но, ќе се потрудиме да одиграме најдобро што можеме. Словенија е фаворит, но ние однапред не се предаваме. И ние имаме потенцијал што може да се искористи, па ќе видиме како ќе биде. Првата цел секогаш ни е да одигарме добро, па потоа да гледаме на резултатот. Ова е млад состав од кој резултатите допрва треба да дојдат“ – изјави Симовски.

Реваншот против селекцијата на Словенија е на 12 Март во Скопје. Во претходните дуели од оваа квалификациска група, Македонија не забележа ниту една победа.