Македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров и вардаровиот голман, Страхиња Милиќ се најдоа во идеалниот тима на 9-то коло во Лигата на шампионите.

Откако двајцата одиграа одлични натпревари, Лазаров со 9-те погодоци беше најзаслужен за големата победа на каталонскиот гигант над ПСЖ и одличниот Милиќ кој имаше феноменално второ полувреме против Киелце, но за жал не можеше да го спречи поразот на Вардар.

Идеалниот тим на 9-то коло во ЛШ:

  • ГОЛМАН: Страхиња Милиќ (Вардар)
  • ЛЕВО КРИЛО: Анхел Фернандез (Ла Риоха)
  • ЛЕВ БЕК: Сејад Естеки (Динамо Букурешт)
  • СРЕДЕН БЕК: Борис Пукховски (Мотор Запорожје)
  • ДЕСЕН БЕК: Кире Лазаров (Барселона)
  • ДЕСНО КРИЛО: Тим Соренсен (Кристијанштад)
  • ПИВОТ: Игор Вори (Загреб)

Најдобрите потези од овие играчи, може да ги видите на следниот ЛИНК.