кире лазаров нант

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров игра во одлична форма во екипата на Нант. Нешто што за нас е многу важно, пред натпреварите со Турција и Грција во рамките од квалификациите за ЕП 2020.

Лазаров уште еднаш ја покажа својат класа, постигнувајќи 7 погодоци во убедливата победа на Нант над екипата на Целје со резултатот 38:27. Натпревар во кој доминираа ракометарите на Нант и покажаа дека оваа сезона се сериозна екипа за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.