Македонија во еден тежок и неизвесен натпревар против Србија избори пласман во втората фаза на ЕП во Полска, а капитенот Кире Лазаров изјави дека ремито е добар резултат со оглед на квалитетната игра на противникот.
„Одигравме добар натпревар, репрезентацијата на Србија тактички беше одлично подготвена, веројатно уште пред да дојдат во Краков го подготвувале овој натпревар. Сепак ние сме искусни, успеавме да ја прочитаме нивната игра и напаѓавме добро, игравме преку крила бидејќи имаше повеќе простор. Никако не можевме да се одлепиме, но морам да кажам дека победивме против една екстра квалитетна Србија, пред првенството не очекував дека ќе бидат на вакво ниво. Ја остваривме основната цел, но мислам дека имаме муниција за продолжението, а сега ќе играме и поопуштено бидејќи ќе го нема големиот притисок од оваа фаза“ – изјави Лазаров по натпреварот.