Имавме можност уште еднаш да гледаме инфаркт натпревар вечерва, овојпат среќата беше на наш страна и успеавме да стигнеме до позитивен резултат, кој не води во втората фаза на ова натпреварување. Лазаров во изјава после натпреварот, задоволен од натпреварот и видно среќен за успехот на нашата репрезентација, само потврди дека ја “прочитале“ играта на србите и затоа последниот напад го одиграа од крило, каде што како што Лазаров потенцираше “Манасков такви зицери не промашува!“

„Не може на ваков натпревар, кој одлучува дали ќе си одиш дома или не, да поведеш со неколку гола предност. Беше нервозен натпревар, се играше тактички, но, мислам дека „ги прочитавме“ Србите. Станиќ беше добар на нивниот гол, но го имавме последниот напад, и Манасков такви ’зицери’ не промашува. Сега малку ќе славиме, а потоа да се одмориме и да мислиме на следните мечеви. И мислам дека Македонија може многу подобро да одигра во втората фаза“, изјави по мечот, капитенот Кире Лазаров.