кире лазаров

Македонската сениорска репрезентација во недела ќе го играат првиот натпревар од бараж дуелот со репрезентацијата на Романија, з апласман на СП 2019 во Данска и Германија.

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров потенцираше дека овој бараж дуел има круцијална важност за нас, бидејќи со самиот пласман на СП ќе ни донесе квалификации за Олимписки игри во 2020.

„Овој бараж за нас ќе има круцијална важност и мислам дека имаме доволно време да се подготвиме за него, шест дена, тоа е доволно. Најважно е да бидеме здрави. Крај на сезона е, па кај сите постои некој умор, што физички, што ментален, меѓутоа ние си ја знаеме нашата работа. Треба да се пласираме на СП коешто ќе носи квалификации за Олимписки игри во 2020. Треба да се поставиме многу професионално и сериозно да ја одработиме задачата. Нема да биде лесна“ – изјави Лазаров.

Лазаров многу добро го знае Пасквал, бидејќи четири години работеше со него во екипата на Барселона.

„Чави Пасквал е добар тренер и сигурен сум дека ќе ги убеди дека можат да нè добијат. Тој ќе биде посебно мотивиран, ќе сака да му покаже на Раул што може. Тие веќе беа ривали во нивните двобои со Вардар и Барселона. Јас работев со него четири години и мене добро ме познава. Мислам дека ќе направи максимален напор. Барселона многу порано ја заврши европската сезона, па тој имаше повеќе време да размислува на Романија. Јас сум внимателен и сериозен, такви треба да бидеме сите. Ќе нè очекува неатрактивен, но многу сериозен дуел“ – заврши Лазаров.