Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров игра уште едно брилијантно првенство во неговата кариера. Овојпат на СП во Франција, каде со своите 36 години одигра 5 натпревари, максимално по 60 минути. Работи кои се за пример за секој, како треба да изгледа еден врвен ракометар!
Лазаров со 65% реализација и 44 постигнати погодоци, се наоѓа на листата на стрелци после групната фаза на СП во Франција.
- Кире Лазаров (Македонија) со 44 погодоци.
- Баноур Амине (Тунис) со 34 погодоци.
- Лопес Серхио Авелино (Ангола) со 33 погодоци.
- Ривера Алверо (Шпанија) со 30 погодоци.
- Уве Генсхајмер (Германија) со 29 погодоци.
Ви ги преставуваме погодоците постигнати на секој натпревар:
- Македонија – Тунис: 12 погодоци
- Макединија – Ангола: 10 погодоци
- Македонија – Словенија: 9 погодоци.
- Македонија – Шпанија: 6 погодоци.
- Македонија- Исланд: 7 погодоци.