По натпреварот против НОрвешка, каде повторно кикснавме во финишот и не успеавме да ја забележиме првата победа на шампионатот, капитенот Лазаров жали за пропуштената шанса, но останува оптимист за следниот натпревар против Белорусија, каде ќе ја издвојуваме таа долго посакувана победа.
„Навистина ми е жал што пропуштивме уште една шанса. Ние Македонците сме за беља родени, им го визиравме патот на Франција и Полска во полуфиналето, ама правиме за другите, никако за себе да направиме. Рано е за анализи, имаме уште еден натпревар со Белорусија, треба да го добиеме како знаеме и умееме“ – изјави Кире Лазаров