Вчера македонската репрезентација загуби убедливо од фворизираната Хрватска со 29:21 во првиот натпревар од пријателскиот турнир во Умаг, каде нашиот капитен изјави дека нема место за алармирање и дека на овој турнир резултатот не е прва цел, туку проверка на нашите можности.

Лазаров очекува на денешниот натпревар да добијат шанса сите ракометари, и со една добра игра да дојдат до позитивен резултат.

„Утре, исто како и денеска, мислам дека шанса ќе добијат сите репрезентативци. Треба да ја потврдиме добрата игра од оние добри делови од денешниот натпревар, а послабите страни и грешките да се обидеме да ги поправиме. Се надевам ќе бидеме подобри и среќни и задоволни да се вратиме по своите клубови, па потоа, здравје, да се подготвуваме за ЕП“ – изјави Лазаров.