Македонската репрезентација во еден егал натпревар против репрезентацијата на Украина, издвојува победа со погодокот на Кире Лазаров во последните секунди од натпреварот.
Нашите ракометари во грч го почнаа натпреварот, со тешки и спори напади, но солидни во одбраната. По што во првите 10 минути го одржуваа минималното водство, благодарение на расположениот Никола Митревски (9 одбрани). Веќе во 15-та минута, го принудија украинскиот селектор, Бебешко да го повика првиот тајмаут, кога нашите ракометарите поведоа со 6-3.
Следуваше мал пад во нашата игра, особено во нападот, каде не можеше да се примети Кузмановски. Со бавно движење на топката, се одеше преку Кире Лазаров или се бараше Стоилов на линијата од 6 метри. Брестовац тоа го примени и го внесе Танкоски на местото на Кузмановски. По што веднаш се смени играта во нападот, Танкоски го забрза движењето на топката и се отворија позиции за Георгиевски и Талески. Се продолжи со истата игра, каде двата голмани блескаа на своите голови. Нашите ракометари промашија неколку зицери, па наместо убедливо водство во првото полувреме, заминавме со резултат 13:10.
Второто полувреме го започнавме со истата постава, повторно се мачеа во нападот. Одбраната попушти, а Митревски немаше одбрана во првите 10 минути. Се одржуваше разликата од 3 гола, се до 45-тата минута. Кога имавме пат во играта и украинците се доближија само на еден гол разлика во 47-та минута, по што Брестовац принуден беше да побара тајмаут.
После тајмаутот го вративме водството благодарение на Лазаров и двете одбрани на Митревски. Но, повторно технички грешки и изедначување на резултатот во 50-тата минута. Во последните 10 минути, најискусните го превзедоа натпреварот, Стоилов и Лазаров во нападот, а на голот Митревски ги откажа украинците со своите три одбрани по ред. По што се дојде до егал натпревар во финишот, кој капитенот Кире Лазаров со шут во последните секунди и ја донесе големата победа на Македонија (26:25).
Најефикасни на натпреварот беа Кире Лазаров со 8 и Столе Стоилов со 6 погодоци, додека на голот блескаше Никола Митревски со 15 одбрани.